Холанѓанската непрофитна организација „Марс Еден“ отвори конкурс за сите луѓе кои сакаат да учествуваат во реалити шоу, какво што немало никогаш досега. Иако се свесни дека ова е пат што се минува во еден правец, дури 200.000 луѓе се пријавиле да бидат дел од првото патување.
Во изготвувањето на идејнот проект, во кој е вклучено и лансирањето на беспилотните летала во 2018. година, предвидено е и поставување на комуникациски сателит и целата потребна техничка поддршка за да ги пречека првите доселеници. Опремата ќе бидат инсталирана во робот со камера, кој постојано ќе ги пренесува снимките од Марс, а приоритет на експериментот ќе биде потрагата по вода.
Ако се оди според планот, првите човечки стапки на Марс ќе се случат во 2025. година, а бидејќи на Марс не постои Вселенски центар, нема да има ниту можност за враќање на потенцијално незадоволните учесници во шоуто.
За изградбата на ваков центар за лансирање на Црвената планета, потребни се големи астрономски ресурси, па заинтересираните добро треба да размислат за својата одлука бидејќи опција за враќање на Земјата не постои.
По првата тура на посетители, се планира на секои две години да се испратат нови доселеници. Една група подразбира 4 луѓе, но во моментов се работи на изработка на поголеми капсули кои ќе можат да соберат повеќе патници.
Организаторите веќе имаат обезбедено доволно партнери и спонзори, но потрагата се уште трае, затоа што трошоците за првата мисија на Марс и патувањето само на првата група луѓе, изнесува околу 6 милијарди долари.



