(ВИДЕО) Фантастични факти кои просечниот човек не ги знае

Каналот за размена на видеа на ЈуТјуб, „АsapSCIENCE“, по речиси една година објави трето видео од серијата „Фантастични факти што ќе ве остават без текст“, за сите оние кои со едноставни објаснувања сакаат да научат нешто за разни научни области.

Во него се објаснува „живеењето во сегашноста“ и факти дека тоа всушност не постои – бидејќи на нашиот мозок му треба околу 80 милисекунда „да ја свари“ информацијата, а и тоа дека на светлото му е потребно одредено време да дојде до вашите очи.

Ако тоа не сте го знаеле, ќе слушнете и за мерките во вселената (како што е на пример податокот дека големината на честички прашина на половина пат меѓу големината на протоните и големината на Земјата), информацијата дека не можете да го видите Кинескиот ѕид од вселената, но затоа можете загадувањето на воздухот.

Можете да го погледнете и фактот дека е поголема можноста да загинете на пат до местата на кои ќе купите лоз за лотарија, отколку да освоите пари на неа.

Најчитани вести