Атрактивната албанска пејачка Аделина Тахири (21) која пред два месеци во етерот го промовираше својот нов сингл на англиски јазик „Heart on fire“ има армија фанови во Макеодонија, Косово, албанија и Турција кои редовно ја следат на социјалните мрежи на кои постојано објавува интересни фото-сесии.
Пејачката која освен со својот вокал ја освои публиката и со својот атрактивен изглед и негувана фигура честопати на своите настапи и гостувања на телевизија е во придружба на својата мајка Теута, која воедно и е менаџерка, и за која многумина велат дека со Аделина се како сестри близначки.
Доказ за ова се фотографиите кои се снимени на едно неоадмнешно гостување во Турција.




