Екипата на Ливерпул со победата од 5:0 над Тотенхем на негов терен се врати на второто место на табелата по последниот натпревар од 16.коло од Премиер лигата. „Црвените“ иако настапија без неколку повредени играчи доминираа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ги освоија трите бодови.
Стрелци на головите беа: Луис Суарез 18.минута и 84.минута, Џордан Хендерсон 40.минута, Џон Фланаган во 75.минута и Рахим Стерлинг во 89.минута.
На другите два натпревара одиграни денеска од 16.коло од Премиер лигата беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Манчестер Јунајтед 0:3 и Норвич – Свонси 1:1.
На вчера одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Хал – Стоук 0:0, Манчестер Сити – Арсенал 6:3, Кардиф – ВБА 1:0 , Челзи – Кристал Палас 2:1 , Евертон – Фулам 4:1, Њукасл – Саутемптон 1:1, Вест Хем – Сандерленд 0:0.
Табела: Арсенал 35 бодови, Ливерпул 33, Челзи 33, Манчестер Сити 32, Евертон 31, Њукасл 27, Тотенхем 27,..


