Во дерби нтпреврот од 16.коло на Италијанското фудбалско првенство синоќа во Неапол, екипата на Наполи го победи Интер со 4:2.
Македонскиот интернационалец Горан Пандев ги одигра последните пет минути колку што траеше судиското надополнување. Само што влезе во игра Македонецот изнуди пенал, но истиот не го реализираше и со тоа ја прекина гол-серијата во Калчото.
Головите за Наполи ги постигнаа Гонзало Игуаин (9.минута), Дриес Мертенс (39) Блерим Џемаили (41) и Хозе Каљехон (81). За гостите од Милано погодија Естебан Камбиасо (35) и Јуто Нагатомо (45).
Со оваа победа Наполи се зацврсти на третото место на табелата.
На другите досега завршени натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Киево – Сампдорија 0:1, Фиорентина – Болоња 3:0, Џенова – Аталанта 1:1, Лацио – Ливорно 2:0, Парма – Каљари 0:0, Удинезе – Торино 0:2, Катанија – Верона 0:0 и Јувентус – Сасуоло 4:0.
Колото ќе биде комплетирано вечерва дуелот меѓу Милан и Рома.
Табела: Јувентус 43 бодови, Рома 37, Наполи 35, Фиорентина 30, Интер 28, Верона 26,


