НБА: Портланд славеше во Детроит по продолжение

Лидерот во Западната конференција Портланд ја забележа 21.сезонска победа, откако синоќа на гостински терен по продолжение го совлада Детроит со 111:109. Резултатот во основните 48 минути беше 99:99.

За Детроит ова беше вкупно 14 пораз во 25 настап сезонава.

Резултати на другите пет синоќешни натпревари во НБА лигата: Сакраменто – Хјустон 106:91, Мемфис – Минесота 93:101, Оклахома Сити – Орландо 101:98, Денвер – Њу Орлеанс 102:93 и Феникс – Голден Стејт 106:102.

Пласман Источна конференција: Индијана 20-3 (победи-порази), Мајами 17-6, Атланта 12-12, Детроит 11-14, Бостон 11-14, Шарлот 10-14,…

Пласман Западна конференција: Портланд 21-4 (победи-порази), Сан Антонио 19-4, Оклахома Сити 19-4, Хјустон 16-9, ЛА Клиперс 16-9, Феникс 14-9, Денвер 14-9,

Најчитани вести