Екипата на Атланта ноќеска успеа да ја постигне 13-та победа во НБА лигата откако го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 114:100 (20:28; 27:26; 35:19 и 32:27). Перо Антиќ на овој натпревар не доби шанса да влезе во игра.
Пресвртот домашните кошаркари го направија во третиот период (35:19) кога имаа подобар учинок во офанзивниот скок од ривалот.
Комплетната стартна петорка на Атланта имаше двоцифрен број поени, а Ал Хорфорд со 19 поени беше најпрецизниот. Ник Јанг кај Лејкерси постигна 23, а Коби Брајант само 8.
Од ноќешните натпревари за одбележување се поразите на Индијана на домашен терен од Детроит и на Сан Антонио на гостувањето на Лос Анџелес Клиперс.
Преглед на ноќешните резултати: Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио 115:92, Чикаго – Орландо 82:83, Њујорк – Вашингтон 101:102, Мајами – Јута 117:94, Бруклин – Филаделфија 130:94, Бостон – Минесота 101:97, Атланта – ЛА Клипрес 114:100 и Индијана – Детроит 96:101.
Вечерва играат: Шарлот – Сакраменто, Кливленд – Портланд, Мемфис – ЛА Лејкерс, Денвер – Оклахома Сити и Голден Стејт – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Индијана 20-4 (победи-порази), Мајами 18-6, Атланта 13-12, Бостон 12-14, Детроит 12-14, Вашингтон 10-13,…
Пласман Западна конференција: Портланд 21-4, Оклахома Сити 19-4, Сан Антонио 19-5, ЛА Клиперс 17-9, Хјустон 16-9, Феникс 14-9, Денвер 14-9, Далас 14-10,


