Македонија на 83.место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска има скок од една позиција и се наоѓа на 83.место. Македонија има вкупно 425 поени. На врвот на ранг листата е светскиот шампион Шпанија (1.507) со околу 200 поени повеќе од второпласираната Германија (1.318). По овие две селекции во ТОП 10 се наоѓаат уште: Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил. Следната промена на ранг листата ќе биде на 16.јаунари 2014 година.

Најчитани вести