Во пресрет на празниците потсетуваме на едно не толку ново, но сепак неверојатно видео, кое на христијанството му дава сосема ново лице.
Што ако веста за раѓањто на Исус била објавена на Фејсбук или на Твитер? Колку допаѓања би имала и колку пати овој статус би бил споделуван?
Овие се само неколку факти, кои би одиграле не толку мала улога во случај Исус да се роди во денешно време, кога доминираат социјалните мрежи и сличните достигнувања преку интернет.
„Гугл Мап“, навигација, тагнување и споделување… сето ова ќе биде дел од ширењето на веста за Исусовото раѓање.
Видео клипот „The Digital Story of Nativity“ беше објавен пред речиси три години, но се уште е актуелен на социјалните мрежи.
Се забележува дека некои работи се многу поинакви во денешно време на интернет и социјални мрежи.


