Скандали кои ја одбележаа 2013 година

Аферите и скандалите во политичкиот и општествениот живот се традиција веќе со години. Некои од нив беа очекувани, а некои не изненадија.

Роб Форд, градоначалник на Торонто

Малкумина градоначалници успеваат да ги освојат сите светски медиуми и да го свртат вниманието на јавноста со своите дела така како што тоа му успеа на Роб Форд, градоначалник на Торонто. Во мај 2013 година новинарите на Торонто Стар објавија дека на продажба е понудена видео снимка на која се гледа дека Форд пуши крек.

Иако снимката не се појави во јавноста, канадската полиција во октомври објави дека ја имаат, но дека не можат да ја објават поради истрагата. По постојаните притисоци на медиумите и јавноста. Форд во декември призна дека пушел крак, но тоа не беше единствена работа поради која цел свет зборува за контроверзниот градоначалник. Есента процури уште една видео снимка на која се гледа бесниот испад на Форд каде се заканува дека ќе убие некој тип, ќе му ги ископа очите, ќе му го извади гркланот…

Потоа се појавија нови обвиненија дека Форд повеќе пати возел во пијана состојба и дека во кабинетот градоначалникот доведувал проститутки. Иако 60 отсто граѓани на Торонто во анкетите се изјасниле дека сакаат Форд да замине од должноста, тој и понатаму е градоначалник.

Меѓутоа, советот изгласа да му се одземе извршната и финансиската власт, така Форд моментално е само формално градоначалник.

Но, ни тука не запре. Кога сфати дека ќе остане без мнозински дел од власта, на луѓето вработени во својот кабинет ги зголеми платите за 5.000 долари, а на состанокот на кој останал без дел од својата политичка моќ, бутна една советничка на подот додека гневно излегувал од просторијата.

Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер е осуден поради затајување на данок, секс со малолетна проститутка и организирање на оргии, а целата казна е седум години затвор. Берлускони веројатно казната нема да ја отслужи во затвор, туку во домашен притвор или со општествено корисна работа.

Освен тоа, кон крајот на ноември исфлен е од италијанскиот парламент, со што е завршена ерата на Берлускони и означен е крај на една политичка кариера која беше повеќе позната по контроверзи, отколку по политичко делување. Берлускони не замина тивко и мирно, туку од пролетта постојано ги прозиваше политичките противници и обвинуваше разни страни дека сите му наместиле.

Берлускони најавува дека ќе се врати на политичкиот ринг, иако тоа е малку веројатно, бидејќи освен затворската казна доби и казна која му забранува политичко делување следните шест години.

Аферата прислушкување

Се почна кога вработениот во американската агенција за национална безбедност НСА Едвард Сноуден во Гвардијан и Вашингтон Пост даде над 200.000 страници тајни документи кои докажаа дека САД го контролира, следи и практично го шпионира половина свет.

Документите открија постоење на разни програми за надзор, следење и прислушкување, потоа пресретнување на телефонски повици во Америка и Европа, како и пресретнување на електронска пошта.

Документацијата продолжи да се објавува, а во октомври на површина излегоа и докази дека Америка ги шпионирала Кина, Германија, Бразил, Франција, Велика Британија, Мексико и Шпанија, но и прислушкувала дури 35 светски шефови на влади, меѓу кои и Ангела Меркел.

САД од мај се обидува да го приведе Сноуден пред суд, но Сноуден е во бегство и моментално се наоѓа во Русија каде доби дозвола за престој.

Стефани Банистер: Немам ништо против исламот како држава

За австралиската политичарка Стефани Банистер веројатно никој никогаш не би слушнал, ако минатото лето не даде едно скандалозно интервју во Австралија. Банистер летото како кандидатка на националистичката партија One Nation се тркаше за советот на Квинсленд и при едно интервју за една телевизија успеа да изговори многу небулози.

Најпозната остана таа кога рече дека нема ништо против исламот како држава, но дека тие во Австралија не треба да ги прифаќаат нивните закони. Банистер во интервјуто цело време Куранот го нарекуваше харам и наведе дека еврејската религија го следи Исус Христос.

Набрзо интервјуто стана хит на интернет, а Стефани Банистер доби прекар австралиска Сара Палин. Откако беше исмејана поради нејзиното незнаење ја повлече својата кандидатура.

Ким Џонг-Ун и заканата со нуклеарно оружје

Севернокорејскиот лидер прво го прекина примирјето со Јужна Кореја, а потоа објави дека има нуклеарно оружје кое е подготвен да го искористи. Во Јужна Кореја веднаш настапи состојба на општа подготвеност поради големата веројатност дека навистина може да дојде до нуклеарен напад, но и цел свет се дигна на нозе.

Со недели траеше тензијата на највисоките светски лидери со неконтролираниот шеф на Северна Кореја и наспроти тоа што не дојде до никаков напад, нелагодноста и понатаму остана бидејќи Ким Џонг-Ун самиот призна дека поседува нуклеарно оружје.

Заканата со нуклеарни напади не беше единствена работа со која Ким Џонг-Ун ја скандализираше политичката јавност, па така меѓу другото наводно нареди убиство на својот тетин, јавно стрелаше 80 луѓе поради тоа што гледале јужнокорејски и американски сапуници, а бројот на работните логори, т.е. гулази е сè поголем.

Банкрот на Кипар

Да немаше договор во Европската Унија, како и кредит од 10 милијарди евра, Кипар немаше да го избегне колапсот на финансискиот систем во државата, така од целосен банкрот ги спаси делумен банкрот.

Повеќегодишното уживање во разни привилегии без покритија и живот над можностите оваа островска држава со нешто повеќе жители од Загреб, ја доведе до раб на пропаст, што би се одразил на цела Европа.

Кипар со недели беше во тотален хаос, банките беа со празни благајни, а клиентите во очајнички обид да ги извлечат своите заштеди. Граѓаните со денови од банкоматите можеа да подигнат само 100 евра дневно, а по финансиската инекција од ЕУ, Кипар мораше да го намали гломазниот банкарски сектор кој често служеше како оаза за тајкуните од источна Европа, да го намали буџетот и да го приватизира државниот имот.

Блокада на американските државни служби

Откако Демократите и Републиканците не можеа да се договорат околу новиот буџет сите американски државни служби отидоа во блокада.

Американската влада така затвори врата на целосната јавна управа, освен на итните кои единствено тие продолжија со работа. Милиони луѓе отидоа на неплатен годишен одмор, а затворени беа 400 национални паркови и музеи што во Америка во туристичка симсла донесе штета од неколку десетици милиони долари.
Америка последен пат беше во блокада во 1996 година.

Скандал со коњско месо

Некои производители на месо и месарници продаваа коњско месо тврдејќи дека се работи за говедско месо. Коњското месо лажно се декларираше во дури 16 европски земји, а спорното месо стигна од Романија и Кипар.

Коњско месо е најдено во неколку видови на замрзната готова храна, а најмногу во лазањите. Уделот на коњско месо во некои производи изнесувал 60 отсто, додека во некои говедско месо воопшто немаше, туку само коњско.

Аферата прими уште поголеми размери откако беше откриено дека месото било од коњи кои порано се тркале и кои добивале разни хемиски супстанции за подобро трчање. Проблемот е што тие хемиски супстанции се опасни за луѓето. Во акцијата при разоткривањето биле фатени тројца луѓе.

Користење на хемиско оружје во Сирија

Во Сирија се најдени докази за користење на хемиско оружје објавија ООН, а доказите се најдени во околината на Дамаск. Поради ова САД најави напад на Сирија, на кои жестоко се спротивставија Кина и Русија, сириски сојузници.

Сирија во септември се согласи да го предаде хемиското оружје под контрола на меѓународната заедница и тоа по иницијатива на Русија. Предадени се 1.300 тони индустриски хемикалии, отровни гасови и нервни агенси, а сето тоа според договорот треба да се уништи кон средина на идната година.

Првичниот план беше оружјето да се уништи во Албанија, која го одби тоа примање на толку голема количина на опасни материи, кои најбезбедно е да се уништат во комерцијални места за горење. Дел од хемикалиите ќе се уништи на брод кој превезува хемикалии бидејќи се преопасни за да се увезат во некоја земја.

Се повлече папата Бенедикт Шеснаесети

Повлекувањето на папата Бенедикт Шеснаесети од должноста никако не е скандал, но секако е вест која може да се опише како шокантна во најмала рака.
Папата ја напушти позицијата во март, што се случи првпат во модерната ера шапа самоиницијативно да замине од должноста. Последен пат во историјата тоа се случило во дамнешната 1412 година, а Бенедикт Шеснаесети замина од должноста поради здравствени причини.

Неговото заминување многумина го протолкуваа поинаку, а најмногу се шпекулираше дека папата Бенедикт Шеснаесети отстапил поради разни притисоци од Црквата која последните години беше оптоварена со многу скандали.

Најчитани вести