Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо го обвини својот колега од Арсенал Арсен Венгер, како и играчите на лондонскиот ривал дека премногу „плачат“ по меѓусебниот дуел одигран синоќа на „Емирати“.
– Тие сакаат да кукаат, тоа им е традиција. Секогаш некој друг им е виновен кога не победуваат. И тоа обично кукаат странците, додека Англичаните се научени на борба, а пример за таков однос е Френк Лампард, изјави Мурињо.
Тој се осврна и на забелешките од противничкиот табор дека Челзи игра досаден фудбал. – Би се согласил со тоа, но не знам што ќе коментираат на фактот дека 10 натпревари против нив немам изгубено, додаде Португалецот во својот препознатлив стил.
Арсенал и Челзи синоќа одиграа нерешено 0:0, а домашниот тренер Венгер по натпреварот изнесе забелешки за судењето на овој натпревар и оцени дека Арсенал беше оштетен.


