Во Англија традиционално првиот ден по Божик се играат натпревари од Премиер лигата, а годинава дербито е на „Етихад“ во Манчестер каде гостува Ливерпул од позиција на лидер на табелата. Тренерот на „црвените“ Брендан Роџерс по одличните игри и резултати очекува и на овој дуел неговиот тим да се претстави во најдобро издание.
– Сакаме и на крајот на сезоната да останеме на првата позиција. Никој не може да им забрани на навивачите да сонуваат. Сите треба да сонуваме, но сега сме фокусирани на претстојното дерби, изјави Роџерс.
Тој пред гостувањето кај третопласираниот Манчестер Сити (утре од 18 часот и 30 минути) посакува задржување на ритамот на играта прикажана во последно време.
– Видовте што може ова екипа да направи. Продолжуваме во ист стил, со ист пристап и агресивност. Знаеме дека не очекува тешко гостување, а нашиот следен противник се уште нема изгубено на домашен терен. Сити располага со квалитет за освојување на трофејот во Премиер лигата. Ние бевме подобри во двата дуела минатата сезона, но грешките не спречија да победиме. Противникот игра офанзивен фудбал и затоа очекувам добар натпревар, изјави менаџерот на „Црвените од Енфилд“.
Ливерпул води на табелата со 36 бодови, исто толку има и второпласираниот Арсенал, трет е Манчестер Сити со 35 бода, Челзи има 34,


