Филип Лазаров се повреди и нема да игра на ЕП во Данска

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров, заработи потешка повреда за време на подготовките на ракометната репрезентација во Пореч, Хрватска. Според првичните наоди, се работи за фрактура на левата рака, здобиена при еден дуел со Филип Миркуловски. Оваа тешка повреда доаѓа на 15 дена од стартот на ЕП, а тоа значи дека Филип Лазаров и дефинитивно го пропушта претстојниот континентален собир на најдобрите селекции. Оваа повреда ќе биде дополнителен проблем за селекторот Ивица Обрван, бидејќи претходно се повреди Мојсовски, Вугринец нема право на настап, а Немања Прибак ќе може да заигра дури во вториот круг на натпревари.

 

Најчитани вести