Давид Ферер го победи Рафаел Надал со 2:0 – по сетови 6:4 и 6:4, во шпанското полуфинале на егзибицискиот турнирот во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.
И двата сета кои завршија со ист резултат Ферер успеа да ги реши во своја корист со брејк во десеттиот гем.
Давид Ферер во финалето ќе игра против победникот од мечот Новак Ѓоковиќ (Србија) и Жо Вилфред Цонга (Франција). Овој дуел е во тек.


