Вчера околу 17:30 часот во Скопје во куќа на ул. „Петар Манџуков“ во детската соба низ прозорот паднал залутан куршум, при што едно малолетно лице се здобило со изгореница во пределот на грбот, соопштуваат од МВР. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


