Одземени петарди од импровизирана тезга пред пазарот во Тетово

Околу 3.600 петарди одзела полицијата од Л.А.(36) од Тетово при контролата извршена вчера околу 13 часот во близина на зелениот пазар во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Според неговите информации, петардите биле пронајдени и одземени од импровизирана тезга поставена пред влезот на пазарот додека Л.А. бил приведен во полициска станица и по извршениот разговор е пуштен.

– Со случајот е запознат и јавниот обвинител и по целосно расчистување ќе следува соодветен поднесок, рече Јосифовски. 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести