Фенингер победничка на велеслаломот во Австрија

Домашната натпреварувачка Ана Фенингер победи на денешниот велеслалом одржан во австриското туристичко место Линц. Победничката имаше половина секунда предност по двете трки во однос на второпласираната Џесика Линдл-Викерби (Шведска) и 51 стотинка подобро време од Микаела Шифрин (САД).

Две Швеѓанки водат во пласманот за велеслалом. Линдел-Викарби е прва со 332 бода, Марија Пијетилае-Холмнер е втора со 222 бода, додека трета е Тина Вајратер (Лихтенштајн) со 219 бодови. Во генералниот пласман во Светскиот куп води Вајртер со 670 бодови, втора е Фенингер 597 бода, трета Лара Гут (Швајцарија) 568 бодови,…

Најчитани вести