Поранешниот светски шампион во Формулa 1, германецот Михаел Шумахер денеска тешко е повреден при паѓање од скии во францускиот скијачки центар Мерибел.
Седумкратниот шампион во Ф1 при падот удрил со главата во карпа, но среќна околност за него била тоа што носел заштитен шлем.
Десетина минути по падот на „Шуми“ со хеликоптер бил пренесен во најблиската болница.
– Шумахер беше во шок, но во свесна состојба. Докторите велат дека има потрес на мозокот, но повредата не е многу сериозна, изјави директорот на скијачкиот центар.


