Австриската скијачка Марлиз Шилд победи на денешниот слалом возен во Лиенц и со овој триумф стана најдобрата слаломистка на сите времиња. Таа во австрискиот скијачки центар Лиенц со време од 1:55.63 стигна до вкупно 35.победа во кариерата, најмногу во историјата на женското скијање.
На второто место се пласира Микаела Шифрин (САД) со време 1:56.04, а на подиумот се искачи и Марија Хефл-Риш (Германија) која доцнеше 22 стоти делови од секундата зад второпласираната Американка.
На табелата во слалом во Светскиот куп води Шифрин со 202 бода, Шилд има 200, трета е Фрида Хансдотер (Шведска) со 152,…
Во Генералниот пласман водството го превзема токму Хефл-Риш со 611 бодови, два повеќе од Тина Вајрајтер (Лихтенштајн).


