Кошаркарите на Цедевита остварија победа од 77:73 на синоќешниот натпревар од 14.коло од АБА лигата против екипата на Мега Визура. Со овој триумф екипата на Цедевита го „задржа“ чекорот со водечкиот тандем од Белград, Црвена Звезда и Партизан.
На вториот натпревар одигран вчера Партизан по продолжение славеше на гостувањето кај Игокеа со 83:80.
На дуелите во саботата беа постигнати следниве резултати: Унион Олимпија – МЗТ Скопје 73:62, Будуќност – Крка 70:68, Црвена Звезда – Широки 73:66 и Шолнок – Задар 80:75.
Вечерва се игра последниот натпревар од оваа рунда и воедно последен од АБА лигата во 2013 година, Раднички – Цибона.
Табела: Црвена Звезда 11-3 (победи-порази), Партизан 10-4, Цедевита 10-4, Будуќност 9-5, Игокеа 8-6, Цибона 8-5, МЗТ Скопје Аеродром 6-8, Крка 6-8, Мега Визура 6-8, Унион Олимпија 5-9, Шолнок 5-9, Задар 5-9, Широки 4-10, Раднички 4-9.


