Кошаркарите на Оклахома Сити остварија убедлив триумф на ноќешниот натпревар одигран пред своите навивачи и славеа победа над Хјустон со 117:86. Најпрецизен играч на дуелот беше Кевин Дјурант со 33 поени, а имаше и 13 скокови.
Од другите натпревари Атланта загуби на гостувањето кај Орландо со 109:102, но и натаму има трет најдобар скор во Источната конференција.
Победи на гости постигнаа Голден Стејт над Кливленд 108:104 (продолжение) и Филаделфија над Лос Анџелес Лејкерс 111:104.
Триумф на домашен терен оствари Сан Антонио над Сакраменто 112:104.
Вечерва се играат седум натпревари: Детроит – Вашингтон, Мемфис – Чикаго, Минесота – Далас, Њу Орлеанс – Портланд, Денвер – Мајами, Јута – Шарлот и ЛА Клиперс – Феникс.
Пласман Источна конференција: Индијана 24-5 (победи-порази), Мајами 23-7, Атланта 17-14, Вашингтон 13-14, Торонто 13-15, Шарлот 14-17, Детроит 14-18, Бостон 13-17,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 25-5, Портланд 24-6, Сан Антонио 24-7, ЛА Клиперс 21-11, Хјустон 21-12, Феникс 18-11, Голден Стејт 19-13, Далас 17-13,


