Убиено е младо момче од Кавадарци

Во физичка пресметка е убиено младо момче од Кавадарци, објави веб порталот „Мојотград“.

Се работи за момче на возраст околу 21 година, кое според првичните и неофицијални информации е нападнато од група на млади во близина на улицата  „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Истрагата е во тек, а од порталот најавуваат дека во текот на вечерта ќе објават подетални информации.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести