Втор пораз за Портланд по ред

Кошаркарите на Портланд втор натпревар по ред не успеваат да постигнат победа и сега се наоѓаат на третата позиција во Западната конференција со вкупно седум порази. Ноќеска тие загубија на гости од Њу Орлеанс со 110:108. За разлика од нив, Мајами славеше на гостувањето кај Денвер со 97:94.

На другите натпревари од НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Детроит – Вашингтон 99:106, Мемфис – Чикаго 91:95, Минесота – Далас 98:100, Јута – Шарлот 83:80 и Лос Анџелес Клиперс – Феникс 88:107.

Вечерва се играат осум натпревари: Бостон – Атланта, Индијана – Кливленд, Орландо – Голден Стејт, Хјустон – Вашингтон, Сан Антонио – Бруклин, Чикаго – Торонто, Оклахома Сити – Портланд и Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки.

Пласман Источна конференција: Индијана 24-5 (победи-порази), Мајами 24-7, Атланта 17-14, Вашингтон 14-14, Торонто 13-15, Шарлот 14-18, Бостон 13-17, Детроит 14-19,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 25-5, Сан Антонио 24-7, Портланд 24-7, ЛА Клиперс 21-12, Хјустон 21-12, Феникс 19-11, Годен Стејт 19-13, Далас 18-13,…

Најчитани вести