Кошаркарите на Индијана со пораз ја почнаа новата година откако ноќеска загубија на гостувањето кај Торното со 95:82. За најдобриот тим (Индијана) до овој натпревар ова е вкупно 6. пораз сезонава во НБА лигата. Сега и двата водечки тима во двете конференции имаат ист скор победи и порази (25-6). Со победата Торонто дојде до 50% успешност (15-15).
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Далас 78:87, Минесота – Њу Орлеанс 124:112, Денвер – Филаделфија 102:114 и Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 112:85.
Вечер се играат девет натпревари: Кливленд – Орландо, Мајами – Голден Стејт, Чикаго – Бостон, Оклахома Сити – Бруклин, Њујорк – Сан Антонио, Феникс – Мемфис, Јута – Милвоки, Портланд – Шарлот и Сакраменто – Филаделфија.
Пласман Источна конференција: Индијана 25-6 (победи-порази), Мајами 24-7, Атланта 18-14, Торонто 15-15, Вашингтон 14-15, Шарлот 14-19, Детроит 14-19, Бостон 13-18,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 25-6, Сан Антонио 25-7, Портланд 25-7, Лос Анџелес Клиперс 22-12, Феникс 19-11, Хјустон 21-13, Голден Стејт 20-13, Далас 19-13,
]]>


