За новогодишните празници 16 сообраќајки, четворица полесно повредени

На подрачјето на Град Скопје за време на новогодишните празници не се случила ниту една сообраќaјна несреќа со потешки последици. На 31 декември, се евидентирани 12 сообраќајни незгоди. Девет се со материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

На 1 јануари сообраќајната полиција извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, а во една полесно е повредено едно лице.

Во текот на изминатите два дена сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести