Уште еден македонски фудбалер ќе игра за ФК „Партизани“ од Тирана

Фудбалерот Ерсен Сали од Скопје од наредната сезона по се изгледа ќе биде дел од ФК „Партизани“ од Тирана, во кој играат уште двајца фудбалери од Македонија, скопјанецот Ертан Демири и тетовецот Мевлан Мурати.

Веста ја објави клубот на својата Фејсбук страница во која стои дека е потпишан двегодишен договор со Ерсен Сали, сега веќе поранешниот напаѓач на ФК „Ренова“.

Сали (26) претходно настапуваше за романска „Дачиа“. Кариерата ја почна во ФК „Шкупи“, а играше и за ФК „Башкими“ и ФК „Шкендија“.

Тирански „Партизани“ е на втората позиција во есенскиот дел од албанскиот шампионат, но иако има седум бода помалку од првопласираната екипа на „Скендербеу“ се стреми да го освои шампионатот.

]]>

Најчитани вести