Исчезнатата Маја од Лешани пронајдена мртва во планините над Охрид?

Безживотно тело во фаза на распаѓање е пронајдено на падините на планинскиот појас во атарот на селото Велмеј во општина Дебарца. Полицијата вчера најави акција во атарот на селото Велмеј, така што може да се заклучи дека станува збор за активности спроведени според претходни сознанија.

Иако се уште нема потврда од полицијата, најверојатно се работи за телото на исчезнатата 14-годишна Маја Блажеска од соседното село Лешани, по која полицијата трагаше повеќе од еден месец. Маја Блажеска беше пријавена за исчезната во ноември минатата година од нејзиниот татко. Дополнителни информации за случајот не се соопштуваат, во интерес на истрагата што е во тек.

maja]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести