Македонската одбојкарска репрезентација замина за Ниш каде од утре до недела ќе настапи на квалификациите за Светското првенство (трета фаза) што ќе се одржи во Полска оваа година.
Во Ниш не очекува тешка задача особено што за противници имаме квалитетни селекции, порача селектрот Жарко Ристоски на денешната прес-конференција, одржана пред самото заминување.
– Со максимално залагање и со борбеност може да се стигне до позитивен резултат. Имавме одлични подготовки во Пробиштип и заедно со добрите контроли против бугарскиот прволигаш Габрово потврдивме дека сме добро подготвени за предизвикот. Проблемите што ги имавме со откажувањата и повредите се само дополнителен мотив да одиграме максимално ангажирано и борбено, рече Ристоски.
Прв противник на нашата репрезентација утре во 18 часот ќе и биде домаќинот на групата, селекцијата на Србија, која беше третопласирана на последното Европско првенство. Во сабота противник ни е Португалија, а в недела Македонија ќе игра против Словенија.
Првопласираната селекција директно ќе се пласира на СП во Полска, додека второпласираната ќе игра екстра бараж.
]]>


