Солскјаер на клупата на Кардиф

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер е новиот менаџер на премиерлигашот Кардиф. Договорот за преземање на Кардиф е постигнат по вчерашниот пораз од Арсенал од 2:0. Сопственикот на Кардиф, Винсент Тан и новиот менаџер заедно го следеа дуелот со Арсенал на „Емирати“ во Лондон.

-Моја голема желба беше да бидам менаџер на тим од Премиер лигата и сега добив таква шанса. Ова е фантастичен предизвик за мене, изјави Солскјаер за британските медиуми.

Претходно Солскјаер беше тренер на норвешката екипа Молде, со која има освоено две титули и еден Куп на Норвешка. Како играч на Манчестер Јунајтед има одиграно 366 натпревари и постигнал 126 голови.

Претходниот менаџер на Кардиф, Малки Макеј беше отпуштен на 27.декември. Тимот на Кардиф се бори за опстанок во Премиер лигата бидејќи се наоѓа на 17.место со 18 бодови.

]]>

Најчитани вести