Портланд нов лидер на „Западот“

Во најсилната светска кошаркарска лига ноќеска се одиграа девет натпревари по кои екипата на Портланд изби на врвот на табелата во Западната конференција. „Блејзерси“ ги искористија поразите на конкурентите Оклахома и Сан Антонио и со победата над Шарлот станаа нови лидери на „Запад“.

Лошата вечер за фаворитите ја надополни шампионот Мајами кој го доживеа осмиот сезонски пораз.

Постигнати резултати на синоќешните средби во НБА лигата: Кливленд – Орландо 87:81 (по продолжение), Мајами – Голден Стејт 114:123, Чикаго – Бостон 94:82, Оклахома Сити – Бруклин 93:95, Сан Антонио – Њујорк 101:105, Феникс – Мемфис 91:99, Јута – Милвоки 96:87, Портланд – Шарлот 134:104 и Сакраменто – Филаделфија 104:113.

Седум натпревари се играат вечерва: Вашингтон – Торонто, Атланта – Голден Стејт, Бостон – Њу Орлеанс, Хјустон – Њујорк, Далас – ЛА Клиперс, Денвер – Мемфис и ЛА Лејкерс – Јута.

Пласман Источна конференција: Индијана 25-6 (победи-порази), Мајами 24-8, Атланта 18-14, Торонто 15-15, Вашингтон 14-15, Детроит 14-19, Чикаго 13-18, Шарлот 14-20,…

Пласман Западна конференција: Портланд 26-7 (победи-порази), Оклахома Сити 25-7, Сан Антонио 25-8, Лос Анџелес Клиперс 22-12, Хјустон 21-13, Голден Стејт 21-13, Феникс 19-12, Далас 19-13,

]]>

Најчитани вести