Тренерот на Арсенал Арсен Венгер изјави дека очекува Месут Озил да се врати во тимот за дуелот со Астон Вила.
– Иако лекарите излегоа со мислење дека Озил ќе може да настапи на утрешната средба со Тотенхем, сепак не сакам да ризикувам со него и не сметам дека тој ќе биде целосно подготвен. И понатаму чувствува болка, но се надевам дека ќе биде во составот за натпреварот со Астон Вила, изјави Венгер.
Играчот од средниот ред на Арсенал на минатонеделниот натпревар со Вест Хем го повреди рамото и ги пропушти дуелите со Њукасл и Кардиф.
Арсенал утре го очекува меч од ФА Купот со Тотенхем, а на 13 јануари ќе и гостува на Астон Вила во натпревар од 21.коло на Премиер лигата.
По 20 одиграни кола Арсенал е лидер во Премиер лигата со 45 бодови, пред Манчестер Сити со 44, Челзи има 43,
]]>


