Италијанскиот фудбалски стручњак Џовани Трапатони се наоѓа пред договор за преземање на селекторската функција на репрезентацијата на Парагвај, објавија италијанските медиуми.
Според овие информации Трапатони веќе остварил контакт со раководните луѓе на парагвајскиот фудбал. Евентуален позитивен исход од овие преговори ќе значи втор италијански тренер на селекторското место во Парагвај. Претходно, на СП 2002 оваа јужноамериканска репрезентација беше предводена од Чезаре Малдини.
74-годишниот Трапатони последниот ангажман го имаше на клупата на Република Ирска која ја напушти по неуспешните квалификации за Мундијалот во Бразил.
Тој и покрај поодминатите години, неодамна изјави дека ни на крај памет не му доаѓа повлекување од фудбалот.
]]>


