Безживотното тело што беше пронајдено на падините на планинскиот појас кај селото Велмеј во општина Дебрца е на исчезнатата Маја Блажеска, потврди обдукцијата што беше спроведена за утврдување на идентитетот на пронајдениот труп, што бил во фаза на распаѓање. Обдукцијата треба да ја утрвди и причината за настапувањето на смртта, односно дали се работи за насилна смрт т.е. убиство.
Се очекува во текот на денот СВР – Охрид да излезе со повеќе информации и детали поврзани со истрагата.
Четиринаесетгодишната Маја Блажеска од соседното село Лешани се водеше како исчезната повеќе од еден месец. Нејзиното исчезнување прв пат го пријави нејзиниот татко во ноември минатата година, за Маја набргу да биде пронајдена и вратена дома.
Кусо време потоа девојката исчезна по вторпат и оттогаш немаше информации за тоа каде се наоѓа и дали е жива. Нејзиното тело беше пронајдено пред два дена кај месноста „Натнасер бачила“ во атарот на охридското село Велмеј при полициска акција спроведена по претходна дојава.
]]>


