Од заскитани куршуми оштетени две возила и балкон од куќа

Две возила и настрешница од балкон на куќа се оштетени од заскитани куршуми, соопшти МВР.

Кумановецот М.К. вчера во СВР Куманово, пријавил дека неговото патничко возило „сузуки свифт“ паркирано на ул. „Моша Пијаде“ е оштетено од заскитан проектил.

Неговиот сограѓанин М.Ѓ. исто така вчера во СВР Куманово пријавил дека неговото патничко возило „форд фокус“ паркирано на ул. „Ѓорче Петров“ е оштетено од заскитан проектил.

Во двата случаја извршен е увид, при што се пронајдени проектили од огнено оружје и се дадени за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во ПС „Гази Баба“, пак, Ц.И. од с.Стајковци,Скопско, вчера пријавил дека на 31.12.2013 година околу 23 часот на балконот од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје, непознат калибар од кое била оштетена настрешницата од балконот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести