Федерер последен полуфиналист во Бризбејн

Рожер Федерер (Швајцарија) го победи домашниот тенисер Маринко Матошевиќ (Австралија) со 2:0 – по сетови 6:1 и 6:1 на турнирот што се одржува во Бризбејн. Со оваа победа швајцарскиот тенисер ја комплетира листата полуфиналисти на овој АТП турнир кој се игра на тврда подлога.

Претходно на другите три денешни четвртфинални мечеви постигнати се следниве резултати:

Марин Чилиќ (Хрватска) – Кеи Нишикори (Јапонија) 1-2 (4:6; 7:5 и 2:6), Лејтон Хјуит (Австралија) – Маријуш Чопил (Романија) 2-0 (6:4 и 6:2) и Самјуел Грот (Австралија) – Жереми Шарди (Франција) 0-2 (5:7 и 4:6).

Двојките за полуфиналето се: Федерер – Шарди и Хјуит – Нишикори.

]]>

Најчитани вести