Американката Серена Вилјамс ја победи Марија Шарапова (Русија) и се пласира во финалето на ВТА турнирот што се игра во австралискиот град Бризбејн.
Во второто полуфинале Вилијамс денеска ја совлада Шарапова со 2:0 – по сетови 6:2 и 7:6. По убедливата игра во првиот сет, вториот помина со по три брејка, а на крајот беше одлучен по тај-брејк со 9:7 за американската тенисерка освојувајќи ја третата меч-топка.
Противничка на Вилијамс во финалето ќе и биде Викторија Азаренка која утрово ја победи Јелена Јанковиќ (Србија) со 2:1.
Финалето е закажано за утре во 10 часот по средноевропско време.
]]>


