Македонија поразена и од Португалија

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе нов пораз на квалификациите за Светското првенство 2014 што се одржуваат во Ниш.

Денеска поуспешна од Македонија беше репрезентацијата на Португалија, која славеше со максимални 3:0 (25:14, 33:31 и 25:21). Избраниците на македонскиот селектор Жарко Ристоски во вториот сет пропуштија неколку шанси кога имаа сет топка да го добијат сетот. Натпреварот траеше 81 минута, а во вкупниот број поени беше 83:66.

Македонија утре во рамките на 3.коло ќе игра против Словенија.

]]>

Најчитани вести