Србија последна проверка за македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го одигра последниот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство во Данска. Противник ни е селекцијата на Србија, второпласирана од последното ЕП, на кое Македонија го освои 5.место.

Во Белград, Македонија и Србија одиграа натпревар од втората фаза, а нашата селекција оствари победа од 22:19. Денешниот натпревар се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а почетокот е во 18:30 часот. Инаку на вчерашниот дуел Србија ја победи Црна Гора со 32:25, додека на првиот ден од турнирот во петокот Македонија беше поуспешна од Црна Гора со 33:27.

]]>

Најчитани вести