Во финалето на тенискиот турнир во Бризбејн, Лејтон Хјуит од Австралија го изненади првиот носител Швајцарецот Рожер Федерер и славеше победа од 2:1 во сетови (6:1; 4:6 и 6:3).
Ова беше дуел на двајца тенисери, кои биле број 1 на АТП листата, а Хјуит ја оствари 9-та победа над Федерер, кој има 18 триумфи во досегашните меѓусебни пресметки.
За Хјуит ова е вкупно 45-та титула во кариерата (последен пат победи во Хале во 2010 година), а на домашен терен последниот триумф го имаше на Австралија Опен во Мелбурн во 2005 година.
]]>


