Американката Михаела Шифрин победи на четвртиот слалом оваа сезона што се одржа во Бормио. Шифрин постигна време 2:00:14 минути и беше за 13 стотинки побрза пред второпласираната Марија Холмер од Шведска и за 62 стотинки пред третата Настасија Ненс од Франција.
Американката со 302 бода е на првата позиција во пласманот за слалом, додека Марлис Шилд од Австрија е втора со 240 бодови.
Во генералниот пласман лидер е Марија Хефл-Риш од Германија со 611 бодови, пред Тина Вајрајтер со 609, а трета е Ана Фенингер од Австрија со 597.
]]>


