Во дербито на 18.коло од Серија А синоќа шампионот и лидер Јувентус оствари победа над Рома со 3:0. „Старата дама“ поведе со голот на Артуро Видал во 17.минута. На 2:0 зголеми Леонардо Бонучи на почетокот на вториот дел (48.минута), а конечните 3:0 ги постави Мирко Вучиниќ од пенал во 77.минута. Рома натпреварот го заврши со девет играчи откако Даниеле Де Роси (75.минута) и Леандро Кастан (77.минута) добија црвени картони.
На другите два натпревара одиграни вчера: Киево – Каљари 0:0 и Фиорентина – Ливорно 1:0. Денеска се играат седум натпревари, а двојките се: Наполи – Сампдорија (почеток 12:30 часот), Милан – Аталанта, Катанија – Болоња, Џенова – Сасуоло, Парма – Торино, Удинезе – Верона (15 часот) и Лацио – Интер (почеток 18:30). Табела: Јувентус 49 бодови, Рома 41, Наполи 36, Фиорентина 36, Интер 31, Верона 29,…
]]>


