Валенсија ја прекина серијата порази во Примера

Екипата на Валенсија на синоќешниот дуел од 18.коло од Примера ја прекина серијата од два пораза.

На домашен терен ја победија екипата на Леванте со 2:0. Стрелци на головите беа: Пабло Пиати (42 минута) и Софиане Фегули (73).

Победа на гости оствари Атлетико Мадрид против Малага и со натпревар повеќе е на чело на табелата пред Барселона.

На другите натпревари од оваа рунда одиграни вчера: Алмерија – Гранада 3:0, Ваљадолид – Бетис 0:0 и Малага – Атлетико Мадрид 0:1. Денеска се играат четири натпревари од 18.коло, а двојките се: Севиља – Хетафе, Барселона – Елче, Осасуна – Еспањол и Реал Сосиедад – Атлетик Билбао.

Колото ќе биде комплетирано со двата натпревара кои се играат утре: Реал Мадрид – Селта и Ваљекано – Виљареал. Табела: Атлетико Мадрид 49 бодови, Барселона 46, Реал Мадрид 41, Атлетик Билбао 33, Реал Сосиедад 29, Виљареал 28, Севиља 26,

]]>

Најчитани вести