Минимален пораз на ракометарките од Тунис

Женската ракометна репрезентација на Македонија која се наоѓа на подготовки во Тунис на првиот контролен натпревар одигран со домаќинот претрпе минимален пораз со 23:22.

Најефикасна во нашиот состав беше Зорица Десподовска со 7 голови, а Драгица Митрова постигна 5. Голманот Наташа Антиќ имаше 9 одбрани.

Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев и во следните неколку денови ќе тренираат и ќе одиграат уште два натпревара со Тунис. Нашата репрезентација е составен само од ракометарки од домашното првенство и се подготвува за натпреварите од квалификациите за Европското првенство што во декември оваа година ќе се одржи во Хрватска и во Унгарија.

]]>

Најчитани вести