Само една победа на гостинските екипи во попладневните натпревари во Серија А

Во шесте натпревар од 18.коло на фудбалскиот шампионат на Италија, одиграни попладнево само една победа забележаа гостинските екипи.

Екипата на Верона како гостин славеше победа во дуелот со Удинезе со 3:1.

На останатите натпревари кои завршија со победи на домашните екипи постигнати се следниве резултати: Милан – Аталанта 3:0, Удинезе – Верона 1:3, Џенова – Сасуоло 2:0, Катанија – Болоња 2:0 и Наполи – Сампдорија 2:0.

Вчера беа одиграни три натпревари: Јувентус – Рома 3:0, Киево – Каљари 0:0 и Фиорентина – Ливорно 1:0.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Лацио – Интер кој ќе започне од 18 часот и 30 минути.

Табела: Јувентус 49 бодови, Рома 41, Наполи 39, Фиорентина 36, Верона 29, Интер 31 (еден натпревар помалку) .

]]>

Најчитани вести