Без победник на дуелот Валенсија – Атлетико Мадрид во шпанскиот куп

Екипата на Валенсија со голот на Хедер Постига во судиското надополнување од вториот дел (90+3 минута) успеа да избори нерешен резултат на првиот дуел од осминафиналето на шпанскиот куп против Атлетико Мадрид.

На „Местаља“ во Валенсија, Атлетико поведе со голот на Раул Гарсија во 72.минута.

Реваншот се игра на 14 јануари во Мадрид.

Вечерва се играат четири натпревари од оваа фаза во купот, а двојките се: Акоркон – Еспањол, Бетис – Атлетик Билбао, Сантандер – Алмерија и Барселона – Хетафе.

Во четврток се играат преостанатите три натпревари: Реал Сосиедад – Виљареал, Реал Мадрид – Осасуна и Рајо Ваљекано – Леванте.

]]>

Најчитани вести