Навивачите пишуваа пораки на дресовите на македонските ракометари

По повод учеството на македонската репрезентација на Европското првенство во ракомет што ќе се одржи во Данска од 12-ти до 26-ти јануари, денеска во организација на „Пивара Скопје“ и „СКОПСКО“ се одржа потпишување на дресовите на ракометарите во знак на поддршка од навивачите.

На специјалните дресови на македонските репрезентативци се потпишаа многубројни фанови кои беа присутни во трговскиот центар „Сити Мол“.

На настанот присуствуваа и членовите на репрезентацијата Стојанче Стоилов и Дејан Манасков кои ги поздравија присутните навивачи заблагодарувајќи им се на поддршката од името на целиот национален тим.

Дресовите со пораките од вистинските навивачи ќе им бидат предадени на репрезентативците непосредно пред нивното заминување за Данска.

Поддршката на „СКОПСКО“ и „Пивара Скопје“ на македонскиот ракомет трае повеќе од три децении, што претставува најдолготрајна поддршка на овој спорт во земјава.

]]>

Најчитани вести