Избор на најдобрите спортисти за 2013 година

Сојузот на спортските федерации на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт денеска ќе ги избере најдобрите спортисти за 2013 година.

Во сите девет категории предложени се по три номинации. Без разлика на редоследот, во секоја категорија потребно е да се распределат бодовите за секоја од трите номинирани. Се гласа според лична проценка за најдобриот со пет бодови и за останатите две номинации со три, односно еден бод.

Изборот на најдобрите спортисти што се организира традиционално секоја година, ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

]]>

Најчитани вести