Екипата на Барселона оствари победа од 4:0 против Хетафе на првиот осминафинален натпревар од шпанскиот куп одигран синоќа, а повратникот во тимот Лионел Меси беше стрелец на последните два гола (89 и 90+3 минута).
Првите два гола за „каталонците“ ги постигна Цеск Фабрегас (8 и 63-пенал). Меси во игра влезе во 64 минута на местото на Иниеста, а ова беше за него прв натпревар по пауза од два месеца поради повреда.
На другите натпревари одиграни синоќа: Алкоркон – Еспањол 1:0, Бетис – Атлетик Билбао 1:0 и Сантандер – Алмерија 1:1. На дуелот одигран во вторникот Валенсија – Атлетико Мадрид 1:1.
Вечерва се играат другите осминафинални дуели: Реал Сосиедад – Виљареал, Реал Мадрид – Осасуна и Рајо Ваљекано – Леванте.
Реванш натпреварите се играат од 14 до 16 јануари.
]]>


