Порази број девет за Оклахома и Мајами

Второпласираните екипи од Источната и Западната конференција во НБА лигата ноќеска ги доживеаја деветтите сезонски порази. Мајами загуби на гостувањето кај Њујорк, додека Оклахома беше поразена на гостински терен во дуелот со Денвер.

Постигнати резултати: Њујорк – Мајами 102:92 и Денвер – Оклахома Сити 101:88.

Вечерва се играат 12 натпревари: Индијана – Вашингтон, Филаделфија – Детроит, атланта – Хјустон, Мемфис – Феникс, Минесота – Шарлот, Њу Орлеанс – Далас, Бруклин – Мајами Милвоки – Чикаго, Јута – КЛивленд, Сакраменто – Орландо, Голден Стејт – Бостон и ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс.

Пласман Источна конференција: Индијана 28-7 (победи-порази), Мајами 27-9, Атланта 19-17, Торонто 17-17, Вашингтон 16-17, Чикаго 15-18, Шарлот 15-21, Бруклин 14-21,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 28-8, Оклахома Сити 27-9, Портланд 27-9, ЛА Клиперс 25-13, Хјустон 23-13, Голден Стејт 24-14, Феникс 21-13, Далас 20-16,

]]>

Најчитани вести