Кошаркарите на Цибона го победија Шолнок со 64:63 во првиот натпревар од 16.коло на регионалната кошаркарска АБА лига. До победата „цибоси“ стигнаа со серија од 9:0 во последните три минути во кои влегоа со негатива од 55:63. За гостите од Хрватска ова беше десетти триумф со што ги задржаа шансите за освојување на едно од првите четири места.
Унгарскиот шампион остана на петте победи наспроти 11 порази и со овој биланс се наоѓаат во долниот дел на табелата.
Македонскиот претставник во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром својот дуел од оваа рунда ќе го има утревечер (21 часот) кога ќе гостува во Подгорица кај црногорскиот шампион Будуќност.
Освен дуелот во Подгорица утре ќе се одиграат уште три натпревари: Олимпија – Широки, Раднички – Црвена Звезда и Цедевита – Задар.
16.коло ќе се комплетира в недела со натпреварите Игокеа – Мега Визура и Партизан – Крка.
Табела: Црвена Звезда 12-3 (победи-порази), Партизан 11-4, Цедевита 11-4, Цибона 10-6, Будуќност 10-5, Игокеа 8-7, МЗТ Скопје Аеродром 7-8, Крка 6-9, Мега Визура 6-9, Раднички 6-9, Унион Олимпија 5-10, Задар 5-10, Шолнок 5-11 и Широки 4-11.
]]>


